BMW смисли како да го „надмудри“ Трамп

Германскиот производител на луксузни автомобили BMW Group има подготвен одговор, ако американскиот претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана и воведе 35% такси за увезените автомобили, објаснува главниот извршен директор на компанијата, Харалд Кругер.

Во разговор со новинарите во една од паузите на годишниов симпозиум CAR, Кругер напомена дека за компанијата нема да биде голем проблем да префрли дел од склопувањето на одредени модели во САД, во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина. Во моментов таму се произведуваат повеќето SUV-модели на BMW, на чело со X5 и X6. Фабриката работи  речиси со полн капацитет и тешко би можело да го зголеми производството без значителни инвестции. За сметка на тоа, меѓутоа многу лесно може да се направи финално склопување на веќе произведени во Германија модели, или на друго место,  како Серија 5, на пример.

Mercedes веќе користи слична шема со Sprinter, кој се произведува  во Германија, а потоа се разглобува и повторно го составува во американската фабрика во Чарлстон, за да се избегнат било какви такси. Како напоменуваат од германскиот гигант производството е доволно флексибилно за да овозможи слични трансформации.

BMW се најде на удар на коментарите на Трамп поради тоа што гради во моментов фабрика во Сан Луис Потоси, во Мексико, каде што треба да се произведуваат седан верзијата на BMW 3 за американскиот пазар. Во интервју за Bild претседателот ja советуваше германската компанијата да не си го губи „времето и парите“ за да произведува во Мексико автомобили за Америка. Нио, ако ја користи праксата од Mercedes, навистина не би можел претседателот ништо. Фабриката на BMW во САД е трипати поголем од идната во Мексико. Кругер напомена дека производството на неговата компанија во САД (450.000 возила годишно) е значително поголема од планираното во Мексико (150.000). Во BMW се подготвени дури и за дополнителни инвестиции во САД, што секако ќе оди исто така „во прилог“ на претседателот на зајакнување на автомобилскиот сектор и отворање на нови работни места во погоните во САД.

Автоплус

- Реклама -