Смартфоните и синдромот на суво око

Смартфоните се поопасни отколку што мислиме. 

Повеќето знаат дека предолгото гледање во смарт уред е штетно, но новите истражувања покажуваат дека ситуацијата е далеку позагрижувачка, пишува списанието „БМЦ Офтамолоџи“.

Испитувањето е извршено врз 916 деца во Јужна Кореја, на возраст меѓу седум и 12 години, од кои дури 97 отсто користеле смартфони повеќе од три часа дневно.

Во написот се наведува дека кај децата кои прекумерно го користат својот телефон, се појавува синдромот суво око. Кај оние кои еден месец биле лишени од своето омилено хоби, симптомите се повлекле.

Суво око или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило и иритација. Просто е, кога зјапаме во екранот едноставно трепкаме поретко, што е причина за помала влажност на самото око.

МИА

- Реклама -