AMP Foot 2.0 протезата совршено ги имитира движењата на вистинска нога (видео)

Оваа механичка нога е дело на истражувачи од Vrije Universiteit Brussel во Белгија. Ankle Mimicking Prosthetic Foot 2.0 – или AMP Foot 2.0 – не само што треба да му овозможи на корисникот природен од туку има и систем за енергија кој помага при одењето.

Просечните механички стапала користат федер или ластик за складирање на енергија за помош при одењето. Но ова е пасивен пристап кој не го имитира движењето на вистинска нога. Од друга страна AMP Foot 2.0 користи лесен мотор кој придвижува специјално дизајниран механизам.

Овој систем обезбедува дека ногата секогаш има доволно енергија за да му помогне на човек со околу 75 килограми во секој чекор и може да го имитира природното движење по рамна површина. Она што е најимпресивно е што целото стапало тежи само 2,5 килограми, што е блиску до вистинско стапало – што значи дека во теорија овој систем би ја олеснил транзицијата за луѓе кои мора да се навикнат на протеза.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *