Се бара: FBI дизајнер

На Твитер профилот на американското Федерално истражно биро осамна… слика, во која FBI им ги честита божикните празници на сите што ги слават. „Честитката“ се состои од дречливо „компјутерски“-сина позадина, просто нацртан Снешко и уште попросто „нацртани“ 3 снегулки…

Твитерџиите беа почестени, признавајќи дека од пи-ар службата на FBI „стварно се потрудиле“.

Твитер врати со иста мера. Коментарите варираа од тоа дека честитката веројатно е работена во MS Paint на компјутер од 1999 година, па до тоа дека FBI сами себе треба да се уапсат зашто се милијардерска агенција, а пуштаат честитки со вака евтин дизајн.

Сериозно, ако немате попаметна работа и сакате да се расположите, читајте ги коментарите. Твитер живее за вакви ствари.

 

- Реклама -