Артим Шаќири нов тренер на Шкендија

Артим Шаќири и официјално е промовиран во нов тренер на екипата на Шкендија, објави телевизијата Ал-Сат.

Поранешниот македонски репрезентативец беше еден од неколкуте стратези во трката за оваа функција, но управата на клубот реши токму нему да му ја додели одговорната задача да го предводи тимот во новата сезона.

На Шаќири му бил понуден едногодишен договор, по што двете страни на крајот од сезонава ќе седнат на разговори околу евентуалното продолжување на соработката.

Ова ќе биде прв тренерски ангажман на Артим Шаќири, којшто ќе треба да демонстрира дека и како стратег е подеднакво добар и успешен како што тоа беше случај и додека беше професионален фудбалер.

Тој ќе има тешко деби на клупата на „Црвено-црните“ од Тетово, со оглед на фактот дека в недела за прв противник ќе го има лутиот ривал Металург, тим што по првите две кола има максимални шест бода на своето салдо.

- Реклама -