25 години кршел ореви со рачна бомба

Еден Кинез 25 години си ја барал бељата и ја провоцирал смртта, а дури потоа сфатил дека мистериозното орудие кое го користи за кршење ореви е всушност рачна бомба.

Селанецот од Анканг, во кинеската провинција Шанси, сфатил што всушност е „толчникот“ за кршење ореви дури откако добил писмо од полицијата во кое од локалното население се барало да ги предаде сите експлозивни направи кои илегално ги поседуваат. Меѓу предметите на листата се наоѓал и предмет кој многу („многу“ е благо речено) му заличил на „алатката“ која четврт век ја користел за кршење ореви.

Рачната бомба му била подарок од пријател…

Сепак, на крајот, бомбата конечно е однесена на безбедно, каде што си дочека и пензија од својата оревокршачка кариера.

- Реклама -