Полетале за Ница, стигнале во Ниш

avion_rajaner_pxb[1]

Четворица млади Чеси, наместо на ривиерата во Ница, неочекувано се најдоа во Ниш. Станува збор за грешка на француските организатори на нивниот краток одмор пред празниците, кои ги збунила новата линија на авиокомпанијата Рајанер – линијата Братислава – Ниш. Збунети од сличните имиња на двата града, организаторите им резервирале авионска карта за лет до Србија.

И така, двата чешки пара, наместо зимското сонце во Ница, ги дочека облачно небо во Ниш. Изненадени и во неверица, тие дури го прашале екипажот на Рајанер зошто не ги довел во Франција, пишува словачкиот портал Topky.sk по изјавата на еден од членовите на екипажот.

Инаку, почнувајќи од 31 октомври, ирскиот авиопревозник во Чешка рекламира продолжени викенди во Србија и редовни летови до Ниш. Чесите во Ница имале резервиран хотел и изнајмен автомобил, ама во Ниш ќе мораат да останат сé до петок, бидејќи дури тогаш имаат лет за Братислава.

- Реклама -