Видео: Што гледа автопилотот на Tesla додека вози

Tesla објави видео од тоа што сé всушност гледа нивниот Model S кога вози.

Има пар моменти кога ако вие би биле возачот би го фатиле воланот за да преземете контрола, но крајниот резултат е – сé оди како подмачкано. Компјутерското процесирање и отчитувањата од трите камери се несомнено извонредни.

Видеото се појави по неодамнешните проблеми со Model S. Во септемвври, 23-годишен Кинез загина додека возеше Model S. Заради силината на ударот, Tesla изјавија дека не можат да одредат дали автопилотот бил вклучен пред несреќата. Кинеските медиуми алудираа дека бил.

По овој и неколку помали инциденти, Tesla го „ребрендираше“ Автопилотот како повеќе „помошен систем“.

Автономните автомобили сé уште се во матни води околу тоа кој ја сноси легалната одговорност при несреќи при вклучен автопилот. Досега ниту еден производител не излезе со цврст став, освен дека за секој случај би се одлучувало засебно.

Моралните дилеми исто така почнуваат да испливуваат на површина, особено откако извршниот директор на Mercedes-Benz рече дека нивниот пилот ќе го спасува возачот, наместо пешаците. Пи-Ар одделот многу брзо излезе со демант во кој тврдеше дека Кристоф вон Хуго бил погрешно цитиран, и дека компанијата не смее, легално, да избера возач или патник.

Како и да е, од видеово на Tesla моде да се заклучи дека во меѓувреме Автопилотот „качил ново ниво“, и дека може да преземе побрзо отколку што очекувавме..

- Реклама -