Рачните менувачи „умираат“. Но ќе можеме ли ние без нив?

Јасно е дека времето на механичките преноси заминува. Но, дали овој процес ќе потрае, или пак работите ќе се забрзаат, направени се интересни анализи, во кои некои тврдат дека без механичките кутии едноставно се уште не се може.

20e8c73f-511b-4940-b166-8479c6c4f7b2_790

Податоците од продажбата на автомобили во последните три години „испишуваат тажна страница“ во историјата на механичката трансмисија. Само 3% од продадените автомобили во САД се опремени со рачни брзини, регистрирајки пад со 7% во однос на 2012 година и за 25% во однос на 1992 година. Ајвон Дрери, висок аналитичар во Edmunds, коментира: „Оваа бројка никогаш нема да порасне повторно. Рачните менувачи веќе тргнаа надолу, со тенденција да го допрат дното, односно да ги нема“?! Но, за споредба, дури 80% од автомобилите кои се продаваат во Европа и Азија, имаат рачен менувач.

Неколку години наназад, механичките менувачи беа прифатени за стандардно решение во сите возила, со исклучок на врвните изведби на моделите. Автоматските поради својата висока технологија и се разбира цена беа само привилегија или остварена желба. Но, потоа поради воведувањето на посовремени и поевтини технологии, сепак тие почнаа да поевтинуваат и да станат поиздржливи на оптоварувања, а возачите се повеќе се одлучуваат поради нивната поголема практичност и удобност, што тие ги обезбедуваат. Во моментов, технологијата го достигна мигот кога некои автоматски кутии обезбедуваат помала потрошувачка на гориво од нивните механички конкуренти, со што го поставуваат голем број прашања зошто уште се продаваат вакви возила.

Интересно е дека рачните менувачи исчезнуваат дури од спортски автомобили. Ferrari одамна помина на преносот со управувач на воланот, откако побарувачката на модели со механички менувачи е на минимум. Многу хиперавтомобили во моментов се толку моќни, што механичките кутии едноставно не можат да се справат со товарот. Но, дали е баш така? Porsche е една од ретките компании, која продолжува да го вградува рачниот менувач, кој сеуште е достапен во моделите 718 и сите верзии на 911, со исклучок на GT3 и 911 Turbo. Повеќето клиенти на Mazda MX-5, Fiat 124 Spyder и Nissan 370Z, исто избираат рачни менувачи.

Постојат и некои размислувања за безбедноста поврзана со пазарната доминација на автоматските менувачи кои одземаат значителен напор од возачот за време на возењето. Според некои аналитичари, фактот дека ти мора да ги менуваш сам брзините, те прави поконцентриран и побезбеден возач. Сепак, се чини дека тоа нема никакво значење за младите возачи. Поголемиот дел од нив се учат да возат на автоматици, сметајки дека да се учиш да управуваш возило со механички брзини е исто толку бескорисно и застарено како да учиш латински јазик во 21 век. Се разбира, во светот секогаш ќе има побарувачка на механички менувачи меѓу ентузијастите. Тоа се докажува и со интересот кон лимитирана Porsche 911R што беше распродаден за неколку  дена.

- Реклама -