Видео: „Летечката тврдина“ Ербас за малку ќе завршеше „во нива“

Се изнагледавме видеа од слетувања на авиони во услови на силен ветер, ама не вака, и не со Ербас А380.

Овој се најде во незавидна ситуација пред два дена, на аеродромот Шипол во Амстердам, во момент кога дуваше силен олуен ветер.

Вакво нешто да му се случи на Ербас е реткост. А380 е толку голем и тежок што го нарекуваат „летечка тврдина“, и се смета дека многу полесно може да се избори со ветер во споредба со другите авиони полесни и особено помали авиони. Но ова во Амстердам беше далеку од безопасно слетување. Патниците биле преплашени, ама среќа што пилотите по потреба се претвараат и во магионичари. По малку борба, ѕверот е припитомен и безбедно паркиран на пистата.

- Реклама -