Нова ѕверка на Лос Анџелес 2016: Nissan Sentra NISMO

dzverka

Nissan ја претстави првата во историјата верзија NISMO врз моделот Sentra за време на меѓународниот салон во Лос Анџелес. Новата спортска верзија Sentra NISMO е опремена со 1.6 литарски DIG турбо агрегат кој ветува максимална моќност од 188 коњски сили. Нестандардно за американскиот пазар, но целосно тематски за спортскиот идентитет на автомобилот, погонскиот агрегат е комбиниран со шест-брзински мануелен менувач.


Од Nissan предвиделе и можност за нарачка на возило во верзија со автоматска X-tronic трансмисија. Продажбата на Nissan Sentra NISMO во Северна Америка започнува во јануари, а основната цена на возилото е одредена на под 25.000 американски долари. За време на салонот во Лос Анџелес, на штандот на Nissan ќе бидат претставени исто така и Versa Note 2017, JUKE Black Pearl Edition 2017, Nissan Rogue: Rogue One Star Wars Limited Edition.

Автоплус

- Реклама -