Меккејлеб со Фенербахче против Бостон Селтикс

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Меккејлеб со својот нов тим, турскиот Фенербахче, на 5. октомври во Истанбул ќе одигра меч против Бостон Селтикс, со што ќе започне загревањето за новата сезона во НБА лигата.

Како и секоја година, така и оваа клубовите од професионалната американска кошаркарска лига ќе дојдат на турнеја во Европа и ќе одиграат девет натпревари на Стариот континент. По овој меч, Бостон Селтикс со Кевин Гарнет и Пол Пирс на 7. октомври ќе играат против Армани Џинс во Италија.

Дирк Новицки ќе го донесе Далас Маверикс во својата татковина Германија и на 6. октомври ќе игра против Алба во Берлин, а потоа на 9. октомври ќе ги одмери силите со Барселона во Шпанија.

НБА карванот ќе го посети и Мексико. Орландо и Њу Орлеанс на 7.октомври ќе играат во Мексико Сити. Исто така, НБА клубовите ќе играат во претсезоната и во Кина, како и во Канада.

- Реклама -