Пчелите се паметни (видео)

monitoring-beehives-bees[1]

Излегува дека пчелите имаат покомплексни когнитивни вештини и вештини на учење отколку што претходно мислевме.

Научниците од универзитетот Квин Мери во Лондон направија мал експеримент, во кој единствениот начин пчелите да стигнат до храната е да повлечат јаже (во случајов, коноп). Резултатите се мошне импресивни:

Само некои пчели можат самостојно да научат дека треба да го повлечат јажето за да стигнат до засладената вода. Другите пчели можат да учат од нив. Научниците земале група од неискусни пчели и ги поставиле да ги „гледаат“ тие што го провалиле трикот. 60% од нив ја научиле новата вештина. Кога сите овие истренирани пчели биле пуштени меѓу останатите од колонијата, техниката се проширила кај мнозинството од пчелите-работници.

Видеото можете да го видите ТУКА.

Обично експериментов се прави за да се утврди интелигенцијата кај ‘рбетниците, пред сé мајмуните и птиците. Не и кај инсектите. Но ете, излегува дека некои од нив можат да учат и да пренесуваат знаење слично како и кај луѓето.

- Реклама -