Македонија 34-та на ФИБА листата на кошаркарски нации

Кошаркарската репрезентација на Македонија се наоѓа на 34.место на најновата ранкинг листа на ФИБА, што е пад за едно место во однос на минатото рангирање.

Неучеството на Олимписките игри во Лондон, како и недоволно добрите резултати на предолимпискиот турнир, доведоа до тоа „Црвено-жолтите“ да загубат една позиција во однос на минатото издание на листата на ФИБА.

На првата позиција е олимпискиот шампион САД, пред Шпанија, Аргентина, Грција и Литванија. Селекцијата на Србија бележи пад од четири позиции и сега се наоѓа на 12. место, со што испадна од првите десет. Русите со освојување на бронзениот медал на Олимписките игри во Лондон напредуваа дури пет позиции на оваа листа на ФИБА и единаесеттото место го заменија со шеста позиција.

- Реклама -