Lada со шест концептни возила на салонот во Москва

49cef584-e6a7-49ea-8fd9-818cd34c636f_790[1]

LADA понуди информации за шесте целосно нови концептни модели, кои ќе имаат светската премиера за време на меѓународниот салон во Москва.

На автомобилскиот салон во руската метропола LADA го претставува XCODE Concept, кој демонстрира можен иден развој на дизајнерската линија на марката. За основа на концептот е користена стилистичка линија, позната од актуелните Vesta и XRAY. Од технолошките новини треба да се напоменат вградување на турбодвигатели, интеграцијата на системот за погон на четири тркала, мултимедијални и телекомуникациски решенија…

Светски премиери на штандот на LADA на московската изложба ќе одбележат, исто така, седанот Vesta Cross Concept, XRAY Cross Concept, Vesta SW Cross Concept, Vesta Sport Concept и XRAY Sport Concept. За време на меѓународниот салон, LADA претставува исто така и нови модификации и специјални верзии на актуелните свои пазарни предлози. Тука се вклучени Vesta CNG Taxi, издолжената за 20 сантиметри и крајно луксузната Vesta Signature, Vesta 1.8 АМТ Exclusive, 4×4 Pick-up Охотник и други.

- Реклама -