ФИБА инсистира уличниот баскет да биде застапен во Рио 2016 #ЛОИ

Кошарката е еден од спортовите кои стануваат сè попопуларни и тоа најмногу благодарение на НБА лигата и дрим-тимот што доминира на сите меѓународни натпреварувања. Затоа, ФИБА сака да го внесе и уличниот баскет на листата на олимписки спортови, веќе во Рио 2016.

Челниците на ФИБА велат дека како што одбојката има одбојка на плажа, а пливањето синхронизирано пливање, редно е кошарката да добие уличен баскет, т.е. „три на три“. Со ова, тие сметаат дека шанса за учество ќе добијат и помалите земји кои не можат да се пробијат на олимпискиот турнир во кошарка поради силната конкуренција. Уличниот баскет се игра низ целиот свет, во сите училишни дворови и постојат талентирани играчи кои многу подобро се снаоѓаат на половина терен. И ним местото им е на Олимписките игри – велат од светската куќа на кошарката.

ФИБА прави напори да ја протурка својата иницијатива и уличниот баскет да стане олимписки спорт и да се појави веќе на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, во 2016 година. Којзнае, можеби таму ќе има и македонски тим?

- Реклама -