Гага дискографија на „Милко“ на Youtube

Групата Милко (Millko) од Скопје оваа година го означува своето јубилејно постоење – 10 години на сцената. Ако сте жедни за време со себе, постелете ја чергата на YouTube каналот на Digital Milennium Artist, кои ве частат гага налевање на целата дискографија на Милко. На YouTube каналот на DMA Music ќе го најдете и нивниот најнов албум – „Милко“.

За да не читате на суво:

Фановите ја знаат нивната историја – Милко е фантастична група и извор од кој непрекинато протекува интимна музика и стил кој ги допира душите – емоционален инди-рок:

Милко е есенско дете родено во 2006 година, во темна и многу валкана подземна просторија во едно предградие на Скопје. Милко е резултат на заедничка идеја развиена од имагинацијата и потребата за музичко изразување. Две третини од групата се всушност одвоено ткиво од групата “Никотин”, со привремено привремено засолниште во Милко – легитимен и логичен наследник на истата. Милко е и начин на живот и начин на соочување со реалноста.

Што ќе рече „Милко“: „Може ли да се дефинира нешто што претставува сублимат на чувства, искуства во живототи  влијанија, а настаните да бидат трансформирани во формат наречен музика? Може ли некој да го искаже со зборови, а камоли да дефинира нешто што е толку убаво?“

Фантастичната спојка од Сашо Митревски (гитара, вокал), Стефан Терпини (тапани) и Никола Кузмановски (бас гитара) носат длабока искреност, а нивните стихови се сведоштво кое го скокотка секој кој ќе заплива подлабоко. Не плашете се да нурнете! На последниот албум во нивните редови несебично застанува и младиот басист Филип Петровски.

Дискографијата на „Милко” брои две EP објави: „Don’t Let Them Win“ (2008) и „Changes“ (2009), како и три албумски изданија: „Nicotine“ (2010), „Луѓе“ (2013) и „Миллко” (2015), сите издадени за PMG Recordings.

millko-millko-2015[1]

Актуелниот албум на Милко е успешен обид за јасна и вистинска дијагноза за градот и времето во кое живееме. Ако се погледне подобро и чуе со сите сетила, и ако се допре нивната музика, станува јасно дека нивниот музички пристап всушност е автентичен сублимат на повеќе музички правци и влијанија, последица на многу километри преслушани плочи, CD-а и касети.

Соработката на „Милко“ и DMA почнува неодамна, ама нивната музика веќе ќе ја најдете и на Apple iTunes, Google Play, Spotify, Deezer и Amazon MP3.

Apple iTunes
https://itunes.apple.com/us/album/mil…

Google Play
https://play.google.com/store/music/a…

Deezer
http://www.deezer.com/album/11902564

- Реклама -