Куцни се, па живеј

bosco

Градоначалникот на едно мало гратче во близина на Наполи остана со празни општински канцеларии, откако во вторникот полицијата уапси 23 луѓе од неговиот персонал, заради абсентизам (неприсуство на работа). Тоа се околу половина од вработените во градското собрание во Боскотрекасе, кои беа уапсени откако неколкунеделната истрага покажа 200 случаи на абсентизам во кои се вмешани 30 луѓе.

Во многу прилики, вработените се фатени на камера како доаѓаат на работа за да се „куцнат“ дека дошле, а потоа си бркаат приватни работи. Други се фатени како откуцуваат по неколку електронски картички за да ги регистрираат отсутните колеги. Ваквите сцени станаа прилично популарни во Италија, откако во јавноста излегоа неколку слични скандали.

На полициските видео снимки дури има и човек што пробува да ја модифицира безбедносната камера, но се откажува и потоа става картонска кутија на глава за да го скрие идентитетот пред да откуца две картички.

box

„Веројатно ќе морам да го исклучам градскиот совет“, вели Пјетро Каротенуто – избран за градоначалник на гратчето со 11.000 жители, пред само еден месец.

Четири оддели веќе се затворени заради недостаток од персонал. Меѓу уапсените, кои се обвинети за измама на државата, се и шефот на локалната сообраќајна полиција и шефот на градскиот оддел за сметководство.

Во најмала рака, вработените во градската администрација на Боскотрекасе – кои по сé изгледа биле тотално индиферентни кон засилената борба против отсуството од работа во јавниот сектор во Италија во последно време, ги чекаат 6-12 месечни суспензии и евентуални отпуштања.

- Реклама -