10 причини зошто да купите електричен автомобил

Електромобилите се иднината во автомобилската индустрија, многумина сметаат дека таа е многу близу, а пак други тврдат дека сè уште е рано за нив и времето работи за оние возила со мотори со внатрешно согорување или хибридите. Но, еве зошто електромобили!

1. Изминуваат помалку од 60 километри дневно?

За повеќето автомобили, а тоа се околу осумдесет проценти, реално возење во градски услови е 60 километри на ден. Електричните возила од градски тип се целосно соодветни за таква употреба. Брзо движење, лесни за управување, со адекватни димензии… Дури и при притискање на сопирачките, батериите на вашето возило се полнат.

2. Кажете збогум на вашата бензинска пумпа

Главна предност на електричните автомобили денес е дека не мора да се посетува бензинска пумпа.

3. Движењето со електрични возила е за 97%  проценти почисто од автомобилите со мотор со внатрешно согорување

Електричните возила (NEVs) произведуваат нулта CO2 емисии. Така можеме да дишеме многу подобро. Овој факт изгледа особено привлечен за градското население, особено во централните области каде што смог од јаглеводороди и азотни оксиди во комбинација, обилно го загадуваат воздухот.

4. Ниски трошоци за одржување

Да не заборавиме дека кај класичните возила внесуваме гориво барем еднаш неделно, менуваме масла и слично. Овие денови стануваат минато, кога се користат електричните. Едноставно логирајте се со автомобилот, свртете го клучот и веќе може да патувате.

5. Додека спиете ноќе, возилото се полни од електричната мрежа

За помалку време од она што е потребно за да се наспиеме, возилото ќе се наполни. За повеќето електрични автомобили и Plug-in хибриди се потребни околу 8 часа за целосно полнење, почнувајќи од нула на капацитетот на батеријата. Просечното време за полнење е некаде помеѓу 2 и 6 часа во зависност од оддалеченоста.

6. Потребни се само неколку „коњи“ под хаубата на електричниот автомобил за да работи како ракета

Во просек има помалку од 40-50 „коњи“ под хаубата на електричниот автомобил. Но, не треба да се потценуваат, бидејќи се движат многу брзо, и тоа тивко.

7. Подобра крива на вртежниот момент

Ќе прашате важно ли е е тоа? За во одредени моменти да, кога ви се потребни поголеми забрзувања.  Повеќето традиционални електрични автомобили  не се толку брзи, но се добри во забрзувањата.

8. Електричните автомобили се со одличен дизајн

Има неколку производители на електрични автомобили, кои ја презедоа фрлена ракавица. Иако Toyota Prius е најпродаван електричен и гас хибриден автомобил во САД досега, тој е „грозен“ во споредба со дизајнот на некои електрични автомобили. Се разбира, целосно е можно да претвориме еден прекрасен автомобил со стандардниот мотор – во електричeн.

9. Владата ви плаќа да возите електрични автомобили

Во САД на пример, Конгресот одобри даночни кредити, ако купите еден електричен автомобил. Може да се добие даночен кредит до 7.500 долари за нов електричен автомобил, ако бил купен во 2011 година. Се разбира тоа е во САД, а по ист терк сега се прават законски регулативи во Франција, В.Британија, Германија…

10. Не се грижите за цената на нафтата

Една од предностите на возење на електрично возио е дека веќе не сте чувствителни спрема цената на нафтата, и на тоа што се случува со цените на бензинските пумпи.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -