Кипротич победи во најтешката олимписка дисциплина

Стефен Кипротич од Уганда е победник на маратонската трка во машка конкуренција што денеска, на последниот натпреварувачки ден од Олимписките игри се трчаше низ центарот на Лондон.

Тој со фантастичен финиш успеа да биде подобар од конкурентите од Кенија, а на својата земја ѝ донесе олимписки медал по пауза од цели 40 години, во трката на најдолгата олимписка делница – 42,195 километри.

Кипротич изби на чело на трката во последните шест километри, а потоа со одличен финиш успеа да стигне на целта со време од 2:08.01 часа. Кениецот Абел Кируи задоцни 26 секунди зад победникот освојувајќи го второто место и сребрениот медал, а третата позиција му припадна на неговиот сонародник Вилсон Кипсанг.

- Реклама -