Братот на Обама е пијаница што живее во шупа (видео)

Барак Обама во моментов е еден од најмоќните луѓе на планетава. И додека тој ужива во луксузот на Белата Куќа и лета со претседателскиот авион, неговиот брат, кој долги години се бори со зависностите, живее во шупа, во гето во Најроби.

Џорџ Обама, полубратот на претседателот на САД, живее во шупа во гето, во главниот град на Кенија, Најроби. Тој е син на Барак Хусеин Обама Сениор, од неговата четврта жена и е роден во земјата во која живее, додека претседателот на САД е роден на Хаваи, од втората жена на постариот Обама.

Џорџ Обама долги години водел битка со зависноста од кокаин, а неретко се соочува и со проблемот со злоупотреба на алкохолот. И, иако живее во едно од најлошите маала во Најроби, кога во документарниот филм посветен на контрастот помеѓу двајцата браќа беше запрашан дали му се лути на брат му зашто не му помогнал, тој само изјави: „Има свое семејство, треба да се грижи за нив. Јас сум возрасен човек и можам да се грижам за себеси“.

Извадок од филмот за Џорџ Обама

{youtube}fGU9TI83AuQ{/youtube}

[Obama’s slumdog brother: Meet the hopeless drunk from a Nairobi shanty town who is the U.S. President’s BROTHER]

- Реклама -