Бројот 42

Број 42Во  „Автостоперски водич низ галаксијата” Даглас Адамс пишува дека бројот 42 е одговор на прашањето за суштината на животот, на универзумот, на сѐ за што знаеме и не знаеме. Кога бил запрашан дали навистина бројот 42 има посебно значење еве што одговорил…

– Тоа беше всушност шега и измислица. Морав да измислам број, обичен мал број и го избрав 42. Седев крај бирото и гледав низ прозорецот во градината и си помислив дека бројот 42 ќе биде добар за мојата приказна.
Бројот 42Да видиме што се имаат пронајдено неговите обожаватели во врска со бројот 42.
Бројот 421. Мажот на кралицата Викторија, принцот Алберт умрел на 42 години. Тие имале 42 внучиња, а едан од нив е Едвард VIII кој абдицирал на 42 години;

2. Првата печатена книга е Гутенберговата Библија која на секоја страница имала по 42 реда;

3. На 42-та страница во Хари Потер и каменот на мудроста”, Хари открива дека е маѓепсник;

4. Даглас Адамс прв пат го споменува бројот 42 во скечот “The Hole in the Wall Club”;

5. Последна позната локација на лордот Лукан била Норман Роуд 42, источен Сасекс;

6. 42-та епизода од серијата „Доктор Ху” траела 42 минути;

7. Титаник патувал со брзина од 42 км на час кога налетал на санта мраз;

8. Во британските специјални единици постои марински батаљон “42 Commando”;

9. Во источна Азија, вклучувајќи и делови од Кина, високите згради често немааат 42 кат заради тетрафобија (страв од бројот четири заради сличности на зборот „смрт” и „четири”- си и сеи);

10. Елвис Присли умрел на 42 години;
Бројот 4211. Радиото на BBC “Desert Island Discs” е формирано во 1942 година и има 42 гостувања годишно;

12. Албумот “Dark Side of the Moon” на Пинк Флојд трае 42 минути;

13. Фокс Молдер од серијата “X-Files” живее во станот 42;

14. Најмладиот претседател на Америка, Теодор Рузвелт имал 42 години кога бил изабран;

15. Зградата во која работи извршниот директор на Гугл, Ерик Шмит, се вика „Зграда 42“ и се наоѓа во комплексот кој го поседува компанијата во Сан Франциско;

16. Авионот Бел-X1 со кој пилотирал Чак Јегер и кој прв полета со брзина поголема од брзината на звукот, ја разбил звучната бариера на височина од 42.000 стапки (12,8 км);

17. Атомската бомба која го разори градот Нагасаки во Јапонија содржела 42 милиони прачки динамит;

18. Едан Биг Мек содржи 42 проценти од препорачаната дневна доза на сол;

19. Крикетот има 42 правила;

20. На 42 страница од „Дракула” од Брам Стокер, Џонатан Харкер открива дека е затвореник на вампир;
Бројот 4221. Во „Ромео и Јулија” монахот Лоренцо ѝ дава на Јулија отров кој ќе ѝ овозможи да биде лажно мртва 42 часа;

22. Трите најпродавани музички албуми: “Triler” на Мајкл Џекосон, “Back in Black” на AC/DC, и “Dark Side of the Moon” на Пинк Флојд траат по 42 минути;

23. Резултатот на најпознатиот натпревар во историјата на британскиот фудбал, финалето на Светското првенство во 1966 година бил 4:2;

24. „Тип 42” е најпопуларното аудио појачало во 1930;

25. Маратонската патека е долга 42 километари и 195 метари;

26. Семјуел Џонсон го составил „Речник на англискиот јазик“, кој се смета за едан од најдобрите, за девет години и во него собрал 42.777 збора;

27. На Вимблдон минатата година биле употребени 42 илјади топчиња;

28. Коњот Нижински имал 42 години кога во 1970 година станал последен коњ кој ја освоил тројната англиска титула: шампион на трки;

29. Металот молибден има атомски број 42, а истовремено е 42 најчести елемент во универзумот;

30. Доди ал Фајед имаше 42 години кога загина со принцезата Дајана;
Бројот 4231. Во ќелијата 42 во Алкатраз некогаш бил Роберт Страуд кој во 1942 година го добил прекарот „Карпа“. Бидејќи убил стражар поминал 42 години во самица по разни затвори;

32. Во „Книгата на откровенија” пишува дека ѕвер ќе владее со земјата 42 месеци;

33. Во несреќата која се случи во лондонското метро во 1975 година загинале 42 луѓе;

34. Кога бројот на вработени научници во ЦЕРН се зголемил, новата зграда во која се преселиле наречена е „Зграда 42”;

35. Оригиналната книга на Луис Керол Алиса во земјата на чудата” има 42 илустрации;

36. Омилениот број на докторот Хаус од истоимената серија е 42;

37. Во еден барел нафта има 42 американски галони;

38. Во една епизода на „Симпсонови”, шефот на полицијата Вигам се буди и веднаш како од топ вели: „42”;

39. “Best Western” е најголемиот синџир на хотели во светот и има 4.200 хотели во 80 земји;

40. Египетската божица Маат имала 42 принципи на закони, поредоци и вистини;
Бројот 4241. Хитот на Мунго Џери од 1970 година, “In the summertime” кој го напишал Реј Дорсет има темпо од 42 отчукувања во минута; и

42. Бендот “Level 42” го одбрал ова име во чест на “Автостоперски водич низ галаксијата”.

И на крајот еве уште еден интересен податок кој е поврзан на некој начин со бројот 42: Идеална здрава жена носи величина 42 и има изразени колкови и тело во вид на круша. Стручњаците од Институтот за превентивна медицина во Копенхаген во својата студија заклучиле дека идеални димензии имаат жени кои носат конфекциска величина 42. Односно, токму тие имаат идеално тело за здрав кардиоваскуларен систем.
Бројот 42Значи, ако може да им се верува на Данците, жена која ќе ја дочека староста со здраво срце носи величина на облека 42, има изразени колкови и гради, но мала половина. Со оваа тематика се бавеле и шкотски научници и тие ги потврдиле тврдењата на Данците, но тие велат дека за добро здравје не е важен само бројот на облеката. Како и да е, голем број жени кои неуморно се борат да ослабат ќе здивнат кога ќе прочитаат дека не треба да се со манекенса става, бидејќи некој килограм повеќе значи и некоја година подолг живот. Особено ќе се среќни оние кои носат облека обележана со бројот 42!

- Реклама -