Ѕидот што ја брани Холандија од морето

8180659592_1d9f6bdc77_k-1024x633[1]

Холандија е позната по поплавите. Не за џабе самото име значи „ниска земја“. Нема ништо изненадувачко тука, ако се знае (а  треба да се знае) дека половина од Холандија е само на еден метар над морското ниво, а над една-осмина од територијата е под морското рамниште. Така, земјата има и богата и долга историја на поплави што датира од пред стотици години и е обележана со загубените животи на стотици илјади луѓе, како резултат на масивни бури доволно моќни да ја уништат сета земја, сите куќи и сите луѓе кои им се испречуваат на патот. Една од најстрашните се случи на 5-ти ноември 1530 година, која ги збриша сите бариери, сите брани и ги уништи сите насипи и корита, убивајќи околу 100.000 луѓе.

Како беше „поправена“ штетата?

Како што рековме, проблемот е што голем дел од Холандија е под морското ниво. Секоја поголема флуктуација во длабочината на морето може да предизвика сериозно поплавување на огромна површина на земја. Со ваквата опасност, Холанѓаните се справуваат конструирајќи насипи, но и канали (види слика), кои дозволуваат поголеми варијации на реките и нивото на морето. Од друга страна, повисоките насипи околу коритата на реките, на пример, носат ризик од поголемо акумулирање на вода, која бавно но сигурно ги еродира бариерите и претекува за време на надоаѓањата, со што повторно постои ризик од претекување на водата и поплави. Холанѓаните користат и големи ветерници за испумпување на водата од каналите, насочувајќи ја назад кон океанот. Овие решенија беа прилично ефикасни во текот на многу години, ама не го решаваат проблемот на долг рок, особено што заради глобалното затоплување и топењето на арктичката капа, морското ниво се зголемува побрзо од очекуваното.

river_diagram[1]

312770[1]

Модерна револуција

Во 1953, уште една голема поплава ги збриша сите канали, насипи и брани и резултираше со 1.836 загубени животи, 200.000 убиени животни и преку 200.000 хектари поплавено земјиште. Решение мораше да биде најдено, и тоа брзо.

showmedia-1[1]

Набрзо беше формиран комитет, од кој произлезе таканаречениот „Делтаплан“ (Deltawerken) – план за ревитализација на 3.700 километри од каналите и браните. Една од најголемите карактеристики на планот е огромниот морски ѕид, за кој се проценуваше дека ќе чини повеќе од 2.5 милијарди долари.

dammen-1-341x341[1]
„Делтаплан“

 Планот вклучува и револуционерно дизајнирана брана со подвижни порти кои се шупливи и имаат способност да пловат и да бидат отстранети. Кога сé е мирно, портите се отворени и пловат, со тоа овозможувајќи рибите да пливаат слободно и околината да остане релативно непроменета. Од друга страна, во случај на надоаѓање на вода, овие порти би се наполниле со истата, од чија тежина би потонале и би застанале во место, како утврдена брана која ќе заштити милиони луѓе од потенцијалната поплава. Масивни столбови исто така би ја пренасочувале водата, високи и до 30-40 метри, тешки по 18.000 тона. Таквата масивна екстензија се протега околу 3 километри.

Сепак, холандската влада постојано работи на нови мерки кои би ја бранеле земјата од растечкото морско ниво. Целта е да се обезбедат решенија за евентуалното подигнување и до 1 метар висина, за кои се очекува да бидат имплементирани до 2100 година.

7319031564_ef4b56aa5e_k-1024x680[1]

Холандските власти го револуционизираат менаџментот на морската вода во текот на стотици години, од првиот имплементиран насип, па до модерните масивни ветерници и џиновските брани кои се испречуваат помеѓу океанот и копното. Сепак, Холанѓаните уште страдаат од поплави, со тоа што со модерната технологија, штетите и бројките на загинати се сведени на минимум. Со растот на нивото на морето, тие ќе го усовршуваат менаџментот на надојдените води уште повеќе, служејќи како пример и надеж и за другите ризични региони ширум светот.

„Делтаплан“ од птичја перспектива:

- Реклама -