Ѓуровски повторно стрела во Тајланд (видео)

Македонскиот интернациналец Марио Ѓуровски повторно беше стрелец за Муангтонг Јунајтед во првенството на Тајланд, овој пат на вториот гол во победата од 2:0 против тимот на Чаинграи.

Ѓуровски во игра влезе во 50. минута при резултат од 1:0, а во 63. минута со прецизен удар од непосредна близина го запечати триумфот на својот тим. Муангтонг по 20 кола во првенството на Тајланд е убедливо прв со 50 бода, десет повеќе од второпласираниот Чонбури.

{youtube}EBVtNFc7Gd0{/youtube}

- Реклама -