Во креветот на Фејсбук пријателите

Internet Addiction

Еден програмер од Данска измисли софтвер кој им ѕирка во кревет на Фејсбук пријателите на оној кој го користи. Софтверот прецизно ги следи нивните навики на спиење, и тоа единствено преку следење на активните податоци кои се достапни на социјалната мрежа.

Развојот на ваквиот софтвер предизвика многу грижи околу приватноста, бидејќи програмерот Сорен Лоув-Јансен успеа да докаже дека сите кои ја користат апликацијата Facebook Messenger се крајно ранливи на разни видови следења.

Како што рековме, единствено што Јансен користи за да го направи софтверот, се реалните информации овозможени јавно од апликацијата, а и со помош од корисниците, кои оддаваат прилично точни информации за себе, преку фактот што често се вклучуваат на Фејсбук рано наутро или непосредно пред да си легнат.

Изворниот код на програмата е објавен на GitHub (линк), и притоа Јансен детално објасни на кој принцип работи (линк).

На кратко, софтверот работи така што ја проверува активноста на соодветниот корисник на секои десет минути, и потоа создава графикон, кој со голема точност ги опишува навиките на спиење на секој еден од френд-листата.

Програмата, исто така, детектира и одредени општи трендови. Така, на пример, покажува дека пријателите на Јансен, оние на социјалната мрежа, си легнуваат и стануваат горе-долу во исто време во текот на неделата, додека за време на викендот пројавуваат хаотично однесување.

Она језивото не е во самото постоење на програмата, туку многу повеќе во реакцијата на управата на Facebook, во однос на откритието.

Во интервјуто за The Washington Post, Јансен обелодени дека компанијата го замолила да престане да ги охрабрува другите да го користат софтверот, бидејќи – како што е објаснето – „услугата ги нарушува правилата за безбедност на социјалната мрежа“.

Според Јансен, над 1.000 и кусур луѓе веќе го имаат симнато кодот на програмата, а и покрај молбите на Facebook, програмерот одбива да го тргне кодот од GitHub, истакнувајќи дека тој го измислил токму со цел да  им го привлече вниманието на луѓето околу тоа колку многу и колку лесно оддаваат лични информации додека се онлајн.

„Не ми беше намерата да ги шпионирам Фејсбук пријателите. Напротив, сакам луѓето да бидат свесни дека оставаат дигитални траги насекаде на интернет“, истакнува Јансен.

- Реклама -