Троа историски примери за едноставни идеи со голем импакт

Хехе, сигурно очекувате да го прочитате тој за НАСА, кога се обидувала да направи пенкало што пишува во вселената (за да тече мастилото треба гравитација) и потрошила милијарди долари, а Русите користеле молив. Ама тоа е само мит. Овде имаме подобри:

white_toothpaste-e1438730455786[1]

Во 1950 година, еден човек му пришол на еден голем производител на забна паста. Тврдел дека располагал со едноставно решение што инстантно ќе ја зголеми продажбата на забна паста за 40%. Му понудил на производителот да му ги продаде ексклузивните права на идејата, за чек од 100.000 долари – многу пари во тоа време (не дека денес не се). Извршниот борд на компанијата одбил да му плати, а наместо тоа свикал голема средба со главните инженери и извршните маркетинг директори: од нив било побарано да смислат начини како инстантно да ја зголемат продажбата на паста за 40% или повеќе, а притоа тоа да ги чини евтино. По неколку недели, сé уште немало релевантен предлог, па бордот конечно решил да ги купи ексклузивните права на мистериозната идеја на човекот. Кога му го предале чекот, тој им предал плик со парче хартија. На него биле напишани само четири збора: „Направете ја дупката поголема!“. Поголемата дупка резултира со побрзо трошење на пастата т.е. поголема побарувачка, а со тоа и, се разбира, повеќе продажба.

soapbox-soaptuckboxbrown[1]
Вака нешто бил пакуван сапунот, на времето.

Една од големите козметички компании од Јапонија, добила потрошувачка жалба бидејќи купувачот добил празна кутија за сапун. компанијата лансирала голема истрага, по што се покажало дека дефектот дошол од одделот за пакување. Планот бил да се развие нов солиден и ефектен систем кој ќе осигура нула дефекти во процесот на пакување на продуктот, план чие спроведување било мошне комплексно и ја чинело компанијата голема сума пари. Неколку недели подоцна, сличен проблем се случил и во една мала компанија за производство на сапун во Индија. Овој пат, пристапот бил многу поразличен. Произведувачот купил голем индустриски вентилатор и го поставил наспроти лентата со кутии сапун. Кутиите што биле празни едноставно одлетувале назад, додека оние регуларните го продолжувале патот до складиштето.

лифтПоследниот пример доаѓа од неименувана компанија чии канцеларии биле на највисокиот кат на една стара историска зграда во центарот на градот. Зградата потекнувала од 19-от век, па имала старомоден лифт кој бил многу мал и многу бавен. Управата на компанијата почнала да добива сé повеќе поплаки од вработените, бидејќи тие секое утро поминувале долго време чекајќи пред лифтот. Управата свикала голем состанок за да се дискутира за тоа како да се зголеми и забрза лифтот. Неколкуте идеи што биле презентирани подразбирале голем финансиски трошок. Тогаш еден од менаџерите се пријавил за збор и предложил да стават огледало пред лифтот. „Тоа ќе ги забавува луѓето додека чекаат!“, била суштината на неговата идеја. Повеќето го сметале предлогот за апсурден, но бидејќи едно огледало не чини многу пари, директорот решил да го испроба. Од моментот кога било поставено огледалото во ходникот за чекање, управата веќе не добивала поплаки.

ПС. Да, огледалата во лифтовите се таму не примарно за да се шминкаш или да си го потсредиш бркот, туку за да не ти биде досадно.

- Реклама -