ЈАВНО ЗАПРОСИ ЈА И У ЌУМЕЗОТ НОСИ ЈА

tdy-120904-public-proposal-02.grid-7x2Секогаш коа одам на некој спектакуларен концерт и коа ритамот на музиката оди кон вртоглава максима, ќе се појави некоја меланхолична, бледолика исклиширана фаца, која сака да клекне пред 15 000 луѓе и да ја запроси својата цура со која се тегави минимум 15 години. Она што треба да е најинтимна работа на двајца вљубени, заедно со романтичната пенетрација у некоја црвена спална со многу свеќи, се споделува со 10-15 000 пијани лудаци кои дошле да се журкаат и да џускаат. И да. Публиката ја заболе кур дали она ќе каже да или не! Сеир си пукаат и даваат аплауз за побрзе да се тргнете од бината! Ако мене некој ме праша. Хероина е онаа која јавно ќе го одјебе фраерот кој сака да го купи мигот на слава а девојката да ја стави пред свршен чин, да мора да каже да.

Ако пред аудиториум идат јавните запросувања, пред публика исто така треба да одат и разводите. Со сите тие предбрачни договори, анекси, точки и подточки, заварени на нотар. Сите побарувачки на невестата у случај на сексуално запоставување од страна на супругот, неговите забранети пијанки низ град и враќање у ситните саати, како и нередовно миење тањири у кујна. Дајте и го овој спектакл на публиката, пошто она секако ќе се претвори во уво и во овој случај.
И додека го пишувам текстов и јадам вафли на темава, една дилема страшно ме разара у психава. Кој е следниот фраер кој ќе ни приреди такво шоу? Кој концерт или спортски настан би можел да биде ,,збогатен” со мушко клизачи и ОЖЕНИ СЕ ЗА МЕНЕ!? Ги молам бубмејкерите у домовите на обложување ширум Скопје да ги извадат квотите со топ 20 фаворити. Уплатата да биде отворена 24 часа и после сите тикетите под перница. Јас би типувал на Бетмен Велит или на Даниел Кајмакоски. Супер воспитани дечиња се а и квотата на нивно клекнуење пред публика би била од 1.40 до 2.00…Ќе ги уплатам и двајцата и ќе си крцкам. Нема кај да бегаат хехехе….

И додека ја серам за јавните запросувања и ги кењарам настаните кои некои ги сметаат за хит у нивните животи, мора да им ја посакам сета среќа на светот на оние девојчиња кои сакаат да бидат запросени на било каков начин. Па макар и јавно. Морам да им ја посакам и цела среќа на оние беќари кои тука не можат да си најдат невеста и се акаат по светов да донесат невести во домот свој. Украинките и Албанките се жените на нивниот живот кои треба да им донесат пород во домот. Оние кои треба детски плач да им донесат у топлите соби. А зошто е тоа така? Па така е пошто нашиве немажени несреќи, одамна се отидени да се проебат по белиот свет. Катар, Емирати, разни курци палци…Они сањаат некој Шеик или Емир да им улета на коленици со некој дијамантски веренички прстен. Пошто немаат среќа у љубовта. У Македонија нема мужи и сите се педери де… Мужите на нивниот живот се брадоњи Бедуински кои ловат на Берза позади некоја нафтена компанија. Јеби га. Нивната среќа у љубовта, иде нагоре-надоле, ко што идат акциите на берза.

На крајот од краиштата, не е битно шо сере Булеварко. Булеварко е кењатор, и тој нема да се промени никад у животот. Она за што навивам е секој да си ја најде љубовта на својот живот, и да остари покрај својот сакан. Е не знам дали е ова клетва или благослов. Веројатно ќе знаеме за едно 30 тина години ко ќе се збрчкаме покрај своите сакани. Ако мене некој ме праша, дефиницијата за љубов и брак, ја има измислено некој кастриран евнух шо сака да му се освети на светот поради својата дефицитарност. Ако грешам нека изгорам. Се надевам дека за неколку години, оваа одвратна теорија за вечна љубов, ќе ми биде побиена. Едино нема да ми остане побиена темата дека јавното запросување е срање. Спред мене, тоа е интимен момент и многу посебен. Премногу битен или небитен, да биде споделен со секаков џган, секако….

НАПИША: БУЛЕВАРКО( сељак испомплексиран кој гарант, премногу лошо ја запросил својата сакана) 🙂

- Реклама -