Да не се крева чад

„Филмовите кои што содржат сцени со пушење, треба да добиваат рејтинг за возрасни“.

00045572

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека преку филмот тутунските компании го продаваат својот производ на деца.

Во извештајот наречен “Филмови без чад”, СЗО предупреди дека во 2014 година пушењето е видливо кај 44% од целата холивудска продукција и кај 36% од филмските остварувања погодни за малолетници – на пример, во последниот филм од серијалот “Трансформери”, роботот пуши пури.

transformers-aoe-beard-cigar

„Некое време гледавме намалување на пушењето во филмовите и шоу-бизнисот. Во 2013 – 2014 година, сепак настапи пресвртница и сцените со пушење се зголемија “, објасни д-р Армандо Перуга од СЗО.

„Тутунската индустрија бара алтернативи за рекламирање на своите производи и киното е последната можност да се случи тоа.”.

Според едно американско истражување 4 од секои 10 возрасни пушачи ја стекнуваат штетната навика од филмските и телевизиските ѕвезди. Американскиот центар за превенција и контрола на заразните болести проценува дека како резултат на тоа 6 милиони млади луѓе пропушеле во 2014 година.

1499505

СЗО излезе со слично предупредување во 2009 година, но истото беше игнорирано од страна на владите во светот.

Организацијата се обиде да ги убеди филмаџиите да не го покажуваат брендот на користените цигари во сцените, како и да додадат текст дека продукцијата не добива пари за да промоција на пушењето. Овој повик исто така беше игнориран.

 

- Реклама -