Дом и дизајн: Со стил од Лондон

Овој мал стан, кој се наоѓа во лондонскиот кварт Јужен Кенсингтон, е целосно реконструиран од Studio Keir Townsend. За време на реконструкција на живеалиште се срушени неколку ѕидови, со цел да се ослободи повеќе простор.

2_1451329573

Станот располага со една заедничка просторија која вклучува кујна, трпезарија и дневна соба, и две одделни простории – за спалната соба и за бањата. Внатрешноста вклучува луксузен мебел и палета на лесни неутрални нијанси, кои додаваат кон стилското и пријатно доживување.

Чувството за луксуз се зајакнува и од дизајнот на бањата, каде е поставен оригинален мијалник со LED осветлување.

1_1451329572 3_1451329573 4_1451329575 5_1451329576 6_1451329577 7_1451329578 8_1451329579 9_1451329579 10_1451329580 11_1451329581 12_1451329582 13_1451329583

- Реклама -