5 години „Врти Сучи“

oglas-za-vrit-sucippНеделава се навршуваат 5 години од постоењето на единственото градско шоу – „Врти-сучи тоа ти е Скопје“. Водителката на ова неделно ТВ шоу на Телма, Ана Зафирова, викендов подготви програма преку која на својствен начин го рефлектира сето она што ни го презентираше во изминатите 5 години.

oglas_za_vrit_suci

Неделава се навршуваат 5 години од постоењето на единственото градско шоу – „Врти-сучи тоа ти е Скопје“. Водителката на ова неделно ТВ шоу на Телма, Ана Зафирова, викендов подготви програма преку која на својствен начин го рефлектира сето она што ни го презентираше во изминатите 5 години.

Програмата за петтиот роденден на „Врти-сучи тоа ти е Скопје“ изгледа вака:

1. Веќе во тек е првата изложба на билборди низ Скопје(студенти на Факултетот за ликовна уметност, 4-та година, класа Антонио Мазневски)

2. Роденденска журка со почеток во 23 часот во дискотека B2 во петок 16.02.2007(шизење со Зоки Бејби, Мирко Попов и Дарко Марковски).

3. Матине на лизгалиште, ЦД клуб Маки-Крки во сабота 17.02.2007 од 17-19 часот со DJ Dela од City радио.

4. Туристички разглед на Скопје во недела 18.02.2007. Поаѓање од новата автобуска станица во 11 часот.

Ако вашата слика за Скопје е негување на културните вредности, критериум за урбаност, урбани манири и одговорност кон градот, прошетајте викендов и доживејте го Скопје низ замислата на „Врти-сучи“, заедно со илјадници истомисленици.

Среќен 5-ти роденден „Врти-сучи“ !

365.com.mk

- Реклама -