Кралицата на пчелите

Позната е како Кралица на пчелите, а го користи танцот за да укаже на значењето на пчелите и природата за човекот.

pcheli

Сара Мапели е позната како Кралица на Пчелите. Таа е биоенергетичарка која изведува единствен ритуален танц со пчели. Тврди дека тоа создава медитативна атмосфера на движење, енергија и звук.

Окружена со 10.000 пчели, Мапели го користи танцот за да укаже на значењето на пчелите и природата за човекот и да им дозволи на луѓето кои се плашат од овие инсекти да им се спротивстават на своите стравови.

Мапел вели дека за неа танцот со пчелите е средство за исцелување.

- Реклама -