ДИЏЕЈ БАБУРА СИ ЗАМИНА, ЌЕ НИ ОСТАНАТ ДАЈРИЊАТА И ТАРАБУКИТЕ

maxresdefaultСкопје и Македонија загубија уште една човечка големина. Еден синоним на ноќниот живот и забавите на Скопје. И како некоја симболика, биолошката смрт на големиот Бабура, сега целосно ќе ја заокружи смртта и умирачката на градот Скопје, чија забава и ноќен живот, стихијно умираат и се распаѓаат со години. Бројот на ноќните клубови се намалува, бројот на кафулиња исто така. Само кафаните ни се множат на секој ебан ќош. Кафани, шишани глаи, кич гардероба и фалц јунаци го поробија градов наш. Кој денес воопшто се замара со квалитетна музика и искулирана забава? Ја нема одамна. Квалитетот го нема а не товараа со квантитет. Дувачки оркестри, блехови, трубачи, куртизани со микрофон у рака. Саша Ковачевиќ, Аца Лукас, Милица и Адил! Билборди по градов кои светат и дречат да ги видиш од крстот на Водно. Чиниш Coldplay, Adel,Pink,Placebo ги рекламираме. А обична чобанарија е во прашање. Смртта на нашиот Бабура е само смрт на последната клетка од организмот на градот, кој некад беше жив.

Кој ќе ги научи денес новите генерации на дечурлана, како некогаш се забавуваше Скопје и што е вистинска забава? Кој ќе им покаже на децава дека не е забава, да гинеш у патетични рефрени и да си ја тренираш психата да тажи по нешто апстрактно. Вечна љубов и кур се тресе. После неа друга нема да засакам, и сечење со срчи. Накурчени погледи и скршени глави поради: ШО МЕ ГЛЕАШ БЕ…..На овој град не му требаат накурчени гета кои се млатат низ градов у име на некои си усрани рефрени! На градов му требаат лабав ритам и искулирана забава, позитивна вибрација, без разлика дали излегла од миксетата на некој тип со добар вкус за музика или од некоја акустична, електрична гитара, саксафон или контрабас. И џезот е добар,и блузот….И старата народна музика е ок. Се е добро што е излезено од душата на старата скопска мангупарија. Бабура и сличните искулирани фацки ве учеа како да се забавувате. Оние со бљувотината рефрени ве учат како да тажите и глави да кршите. Што сака овој град да слуша и кој му ја извади низ нос неговата душа?

Почивај во мир легендо скопска, но ти ќе останеш многу повеќе жив од рајата која што остана да го гази бетонот на градов. Оваа публика овде е почината одамна. Еден дел е кидната преку океан, а друг сè уште се надева на добар ноќен ритам…

НАПИША:БУЛЕВАРКО (ПОГОДЕН СО ПЕПЕЉАРА У ГЛАВА, НА РЕФРЕН НА АДИЛ)

- Реклама -