Отворен киоск за “дркаџии”

Да се собереме 1.000 луѓе и колективно да ја напуштиме планетата.

Male-Masterbation-Booths-Come

Компанија за секс играчки им понуди на Њујорчани необичен метод за ослободување од секојдневниот стрес – простор за мастурбирање во опремена кабина. Hot Octopuss отвори киоск наречен Guy Fi, кој е лоциран на аголот на Петтата авенија и 28 улица во Менхетн.

Во него мажите можат да се оддадат на таканареченото “олеснување на стресот” – при тоа за време на на работниот ден. Оваа кабина за мастурбација е инспирирана од истражувањето на Time Out, во кое се заклучува дека 39% од мажите во Њујорк мастурбираат додека се на работа.

Претставник на Hot Octopuss сепак посочи дека неговата компанија не ја охрабрува мастурбацијата на јавно место, бидејќи истата е незаконско дејствие. Киоскот е создаден „за да ја извади практиката надвор од канцеларијата, во една посоодветна средина каде стресниот маж го очекува брза интернет конекција“. Кабината всушност личи на телефонска говорница, опремена со црна завеса, стол, лаптоп, како и рекламирање на Hot Octopuss.

„Во Hot Octopuss бараме нови решенија за подобрување на секојдневниот живот и чувствуваме дека сме го направиле токму тоа со GuyFi”, вели Адам Луис, ко-основач на компанијата.

„Се надеваме дека мажите ќе уживаат во користењето на просторот“, додава тој.

- Реклама -