Оскар за локација

Треската за филмските награди “Оскар” веќе започна. Секој од нас нема трпение да дознае дали Леонардо ди Каприо најпосле ќе ја земе во рацете престижната статуетка, или пак Еди Редмејн ќе го победи во спорната трка во категоријата “главна машка улога”.

Покрај импресивниот заплет и извонредната актерска игра, филмовите – кандидати за “Оскар” оваа година можат да се пофалат и со невројатни сетови. Ви ги претставуваме најдобрите филмски локации меѓу нив, кои можете да ги посетите и да ја почувствувате атмосферата на филмот кој што ве импресионирал најмногу.

The Danish Girl

filmo1

Данска во 20-тите години со своите прекрасни шарени згради, уникатен дух и атмосфера, не може да се спореди со ништо друго. Сцените се снимени и во Англија, Шведска, Франција и Норвешка. Заплетот ја следи приказната на Лили Елбe – првиот човек подложен на операција за промена на полот. Пејзажите на едни од најубавите европски земји ќе ве остават без здив и ќе ве поттикнат да посетите некоја од нив наскоро.

- Реклама -