Како се менуваше ликот на Леонардо низ годините

Иако повеќе пати му избега Оскарот од рацете, Леонардо Дикаприо докажа дека може да толкува најразлични тешки улоги. Неодамна се појави видео на кое е прикажано како Леонардо се менува низ годините.

Интересно е тоа што актерот повеќепати одби да игра во филмови за суперхерои, а своевремено ја одби улогата да го игра Анакин Скајвокер во првите три Star Wars епизоди. Актерот потврди дека се состанал со Џорџ Лукас и разговарале за улогата во филмот Star Wars Episode II и Star Wars Episode III. Откако Леонардо ја одбил улогата, на крајот ја добил Хајден Кристенсен.

Лео исто откри дека ја одбил можноста да го игра Робин во филмот Batman Forever и Spider-Man што подоцна ја доби Тоби Мегваер.

Актерот сепак не ја отфрла можноста во иднина да заигра некој суперхерој.

-Никогаш не се знае. Стануваат се подобри кога станува збор за комплексноста на ликовите во тој тип на филмови. Така што, не отфрлам однапред ништо.

- Реклама -