Модерен апартман во Лисабон

Во 365дом и дизајн денеска успеавме да се закачиме за еден стилски и модерен дом лоциран во Лисабон, Португалија.

Редизајнот е дело на архитектите од “Arkstudio” студио, а крајниот резултат е светол стан со чист ентериер. Една од суштинските промени е поврзувањето на дневната соба и кујната со отстранување на дел од ѕидот што отвора дополнителен простор.

stan-nas

Внатрешноста на обновениот дом е мешавина на модерни и антички детали. Тешките дрвени врати и капаците на прозорците во дневната соба се во контраст со модерниот мебел и стил.

Кујната е исклучително функционална и нуди доволно простор како за готвење, така и за прекрасни семејни вечери. Спалната дава чувство на комфорт и е во совршена хармонија со остатокот од станот.

Да го разгледаме.

2_1452433439 3_1452433439 4_1452433440 5_1452433440 6_1452433441 7_1452433441 8_1452433442 9_1452433442 10_1452433443

- Реклама -