Темно тројство: Со овие три особини најдобро се поминува во животот

pierce-brosnan-james-bond-j4h.net_

Комбинацијата од нарцисоидност, макијавелизам и психопатија, психолозите ја нарекуваат „темно тројство“. Луѓето што ги поседуваат овие особини најдобро поминуваат во животот, меѓу другото, и поради фактот  дека во тоа никој не ги спречува.

Човекот што на својата совест носи многу животи и неброено многу женски срца, а воедно е пристоен, љубезен, шармантен, дури и харизматичен, со слабо разбирање на моралните принципи е Џејмс Бонд. Тој совршено одговара на профилот на луѓе кои ги поседуваат карактеристиките на „темното тројство“.

Австралискиот психолог Питер Џонсон во својата анализа изјавува дека легендарниот шпион го отелотворува она што психолозите го нарекуваат „темно тројство“: чиста, привлечна, но исто така доста опасна комбинација од три особини на личноста, нарцисоидност, макијавелизам и психопатија. Таквите луѓе се себични, манипулативни и жедни за власт.

Своите цели ги ставаат пред доброто на другите и ги реализираат без оглед на загубите. Во споредба со другите, тие тоа го прават со леснотија, не само попради интелигентниот пристап, туку и затоа што никој не ги спречува.

Психолозите Делрој Паулус и Кевин Вилијамс од Универзитетот  на Бритиш  Колумбија во Ванкувер беа првите кои пред  десет години го истражуваа овој феномен. Тие покажаа дека станува збор за три различни особини кои често се јавуваат заедно.

Нарцисоидноста се карактеризира со изразената убеденост во своие права и во претераната слика за себе. Станува збор за луѓе што сакаат да им се восхитуваат и кои се многу чувствителни на критики, бидејќи со тоа се доведува во прашање нивната самопочит.

Луѓето со висок степен на макијавелизам се првенствено манипулатори, продорни се и немаат сочувство кон другите. За нив, целта ги оправдува средствата. Поради ова тие самите ги утврдуваат правилата и, доколку е потребно, ги заобиколуваат моралните и законските граници.

bond3

Психопатијата е најтенмниот од трите аспекти на темното тројство. Тоа се луѓе со тврдо срце, импулсивни и не знаат за страв. Поради тоа подготвени се за секој ризик, не стравуваат од последиците и каењето е непознат поим  за нив.

Паулус и Вилијамс нагласуваат дека овие три особини се присутни во секој човек во одреден степен, кој е генерално низок. Оние кај кои тие се изразени во голем степен, воопшто не патат поради тоа. Напротив: темното тројство може значително да им го олесни напредувањето во животот.

Во случајот на Џејмс Бонд навистина е така. Психологот Питер Џонсон го потврдува високото ниво на присутност на сите три особини кај Бонд. Нарцисоидноста се гледа во неговата фасцинација со скапи автомобили, костуми и часовници. Неговата коса секогаш е совршено исчешлана и секогаш ја мести својата вратоврска по елиминирањето на противникот.

Нагласената ориентација кон целта и подготвеноста да ја оствари по секоја цена го одразува макијавелизмот, додека неговата психопатска црта се одгледува во неговата „дозвола за убивање“, во бесчувствителниот начин со кој едноставно ги елиминира луѓето што ќе му се најдат на патот.

Постојат сфери од животот во кои процентот на таквите луѓе е многу поголем, понекогаш и до десет пати. Бидејќи луѓето од темното тројство сакаат пари, статус и моќ, најмногу ги има таму каде што тоа може да се добие. На шефовските позиции не само што се чувствуваат одлично, туку се и многу успешни.

Некои истражувања покажуваат дека нарцисоидните луѓе на почетокот на својата кариера заработуваат повеќе од  другите, додека оние со појака црта на макијавелизам на почетоците на кариерата почесто стигнуваат на раководни позиции.

Истражувањата покажуваат дека луѓе со нарцисоидни и психопатски црти со време се собрале во врвот на компанијата и дека во просек заработувале значително повеќе од другите луѓе со слични квалификации.

Истражувањето на универзитетот во Амстердам покажало дека нарцисоидите, на почетокот сите ги сметале за подобри шефови, но, по некое време сé почесто се открива нивното манипулативно и неискрено однесување.

Истражувањата покажуваат дека психопатите често се служат со мобинг, додека нарцисоидите и макијавелистите се склони на плагијати, крадење, скапи службени патувања, сомнителни договори и милион други лаги на работното место.

Луѓето од темното тројство работат релативно малку, а добиваат релативно многу, на сметка на другите.

bond

 

 

 

 

 

- Реклама -