Живееме во најдоброто време за човештвото

Војни, тероризам, масовни убиства, секојдневни престрелки, епидемии, гангстери и граѓански вооружени конфликти, климатски промени, Кание, Ким и светецот Кардашијан … каде и да читаме, слушаме, гледаме, се зборува за хаос, насилство и смрт. Ако ги сведеме светските медиумски наслови на најмал заеднички содржател, тоа би звучело вака: “Светот се распаѓа, плашете се! Плашете се многу!”

Пишува „Големиот Лебовски“ за ВебКафе
Пишува „Големиот Лебовски“ за ВебКафе

Насилството сепак продолжува да опаѓа. Човечките суштества никогаш не живееле помирен и побогат живот со толку многу можности за распоредување на целосен потенцијал. Ова звучи речиси цинично во контекст на вестите потонати во густа крв, но огромен спектар на факти го поддржува токму овој пристап кон реалноста.

Харвардскиот лингвист, психолог и професор по когнитивни науки Стивен Пинкер нуди значајни и добро развиени аргументи за намалување на насилството во својата книга “На најдобрите ангели на нашата природа” – монументален научен труд, кој синтетизира огромни количини на податоци и нуди неколку интригантни интерпретации.

Особено драматично, насилството се намалува во последните 50 години, иако посликовито феноменот се регистрира во Западниот свет.

Според податоците на ФБИ и Министерството за правда во САД, нивоата на тешки кривични дела – како убиства, постојано опаѓа. Во 2010-та се извршени три пати помалку насилни криминални настани, отколку во 1994-та година. Падот на насилствата во САД одговара на индикаторите и во други земји.

Дури и да се земат сите монструозни човечки настани на XX век – Хитлер, Сталин, Мао, геноцидот во Руанда и други, последното столетие беше многу помирољубиво за разлика од претходните периоди во човековата историја, по глава на жител.

Уште поголеми оптимисти се податоците за изминатата деценија, и покрај масакрот во Дарфур, војната во Ирак, а сега и во Сирија. Митот за “благородните дивјаци” и “хипи племињата”, кои живееле во хармоничен режим на анархија е конечно уништен од серијата откритија на археолозите за шокантни нивоа на насилство во животот на нашите претходници.

До пред 10 000 години луѓето биле организирани во групи од ловци – собирачи, без држави и закони. Според истражувањата на археолозите, процентот на мажите кои се убивани од други мажи во тоа време е шокантен – 60%. Меѓу другите оценувани неодамнешни племиња вредностите се намалуваат до 15%. Во САД и Европа во XX век овие вредности се минимални и не надминуваат 2-3%.

Ако нивото на насилна смрт од времето на нашите претходници се беше задржало во модерниот свет, воените конфликти би проголтале 2 милијарди животот, а не 100 милиони.

Според Стивен Пинкер сè што знаеме за минатото на нашиот вид хомо сапиенс, вклучувајќи го и концептот на “благородните дивјаци”, е погрешно. За него намалувањето на насилството е феномен на фрактал и може да биде забележан со милениуми, векови и децении.

Особено драматичен период за мир е XVI век на Стариот континент – ерата на разумот. Европското просветителство го зголемува цивилизацискиот процес и ги копа темелите на нова човечка организација, мотивирана од проширувањето на кругот на емпатија, зголемувањето на правата и отфрлањето на јавно усвоеното ритуално насилство.

Раните цивилизации биле територии на постојани масакри, санкционирани од античките сфаќања и религиозни текстови. “Убиј ги мажите и задржи ги жените за себе” – овој „вредносен“ императив го користеле нашите претходници кон решавање на конфликти за територија и ресурси.

Мали престапи, за кои денес сигурно ве очекува парична казна, во средниот век биле казнувани со мачење и осакатеност. Садистичките смртни казни биле нешто толку природно.

Пинкер нуди храбар став на оваа тема. Тој обрнува внимание на крајно негативниот став кон смртните пресуди со инјекции во модерниот свет кои според многумина се симбол на човековата пропаст и жестоката природа. Пинкер нуди еден алтернативен пристап – смртоносните инјекции и огромната јавна критика кон нив наскоро ќе бидат маркер за нашиот напредок како вид и тестамент за позитивните ефекти од цивилизацискиот процес.

Ропството веќе е незамисливо, а согорувањето на вештерки за забава е останато во темните агли на темните векови.

Сите криминални статистики ги поддржуваат аргументите на Пинкер и другите научници кои ја поддржуваат идејата дека живееме во мирно време во историјата на видот. Во средниот век 100 убиства на 100 илјади луѓе за период од една година беше нешто нормално. Денес во најразвиените држави соодносот е 1 до 100 илјади.

По крајот на Втората светска војна во 1945-а се постигнува траен мир меѓу западните демократии, а по завршувањето на Студената војна почна и пад на актите на геноцидот, граѓанските војни, насилните преврати. Постојаните вооружени конфронтации исто земаат помалку жртви – просекот во 1950-та беше 65 илјади убиства од конфликт, додека во изминатата деценија е 2 илјади.

Постојат неколку причини за масовно распространетото верување дека живееме во постојано несигурни времиња и светот се расипува од година во година.

Медиумското покривање денес е многу детално отколку пред векови и поединечно вестите за колење, тероризам или етничко чистење остануваат многу подолго во главите отколку информациите за прогресивно издолжување на човечкиот живот и зголемениот број луѓе кои дочекале природна смрт.

Исто така, никој не привлекува спонзори и донатори за хуманистички каузи кои нè убедуваат сè е тип-топ. Од една страна омиротворителниот процес е парадоксална потреба за повеќе луѓе кои веруваат дека работите одат на лошо.

Либералниот западен мазохизам исто така е фактор во толкувањето на реалноста. Интелектуалната елита на развиениот свет шпекулира за историската вина поради третманот на локалното население на другите континенти.

Кон ова треба да ја додадеме и неподготвеноста да се признае дека има нешто добро во западната култура. Особено токсичната форма на автозаблуда го открива фактот дека цивилизацијата што придонела најмногу за човековиот напредок е претворена во вечниот виновник за сите неволји на луѓето.

Сепак насилството навистина се намалува. Пинкер и негови колеги нудат неколку објаснувања, со тоа што нагласуваат дека процесот може секогаш да се преврти и напредокот не е заарантиран, ако не се проценува и чува.

“Левијатан” на Томас Хобс – државата, која го презема монополот над силата и наметнува правила како непристрасен учесник – е централен фактор за човечкиот напредок. Историските документи покажуваат дека нивото на насилство бележи драстичен пад горе-долу во времето на создавањето на првите централизирани држави.

Животот во природна состојба е опишан од Хобс како осамен, сиромашен, животински, брутален и краток. Поттикот на едно племе да нападне друго не е толку вродена суровост, колку што е стратешка претпоставка дека тоа друго племе ќе го нападне првото.

Државата го решава овој спор со примена на легитимно насилство според договорени демократски правила и механизми. Во присуство на држава – насилството, убиствата и крвавата одмазда веќе не се толку витални елементи од човековото постоење.

Другиот фактор се постојано зголемените вредности на животот.

Денес луѓето живеат подолго и поквалитативно од било кој друг период во историјата.

Слободниот пазар и трговијата додаваат дополнителна вредност и го прават насилното однесување помалку посакувано. Дивидендите на мирот се повеќе од плодовите на војната – две групи можат да соработуваат и да заработат од пазарот, а егоизмот доведува до намалување на насилството.

И конечно – се проширува кругот на емпатијата. Емпатијата – прво започнува со најблиските, потоа селото, колењето, државата, расата, целиот вид Homo sapiens, а најпосле и другите биолошки видови.

Стивен Пинкер повторно нуди поинаков пристап. Наместо до болка да ги поставува прашањата “Зошто има толку многу зло – војна, убиства, мафија, корупција?”, Прашува “Зошто има толку многу мир?”.  “Каде грешиме” “За што сме во право”?. Зашто, и покрај сè, за да се намали насилството, очигледно правиме нешто добро. Според Пинкaр подобро е да го разбереме и да продолжиме да го правиме.

- Реклама -