Касни си, џапни си

Мислите дека само во нашите ресторани се крадат кригли, пепељари и по некоја фенси чаша за вино?

Грешка сте. Дури и во еден од најелитните и луксузни ресторани во Њујорк вработените се жалат на апсурдни кражби од страна на клиенти.

744149261

Во Polo Bar на Ralph Lauren исчезнуваат сребрените прибори за сол и бибер и персоналот не може да направи многу по ова прашање.

Во индискиот ресторан Surya сопственикот Абишек Шарма често останува без бакарните чаши што се типични за ресторанот.

“Стремежот да си земеш слична чаша, особено кога знаеш дека секоја од нив чини околу 10 долари, е доста силен”, вели тој. “Но ние преферираме да ги испратиме клиентите среќни дома, отколку да им направиме сцена”, посочува Шарма и додава дека многу од овие клиенти се враќаат повторно на ручек кај нив.

“Една жена успеала да украде дури осум комплети прибор при посетата во клубот”, вели Ејвори Флечер, директор за маркетинг и продажба на клуб 21.

“Нејзината внука ги нашла во нејзините работи откако таа починала, и ни ги испрати назад со извинување. ”

Place Setting --- Image by © Tim Pannell/Corbis

Други сметаат дека е дозволено да си земеш по нешто за дома. Во модерниот италијански ресторан Alfredo 100 често исчезнуваат декоративните вазни на масите.

“Една клиентка грабна една од салфетките од масата, кога излегуваше. Тоа што сребрениот прибор падна на подот и сите очи беа вперени во неа, не ја потресе “, раскажува Том Браун од Strip House.

Клиентите често си земаат салфетки и ножеви, но посегнуваат и кон поголеми предмети. Во јуни минатата година за време на ноќта исчезна статуа на свиња, поставена на влезот на Spotted Pig.

“Го купив прасето од продавница на Portobello Road во Лондон”, воздивнува Кен Фридман, кој е ко-сопственик на познатата кафеана заедно со готвачите Ејприл Влумфијлд и Марио Бата.

“Имавме камери однадвор и гледавме како овој човек скокна врз свињата неколку пати, додека конечно падна од синџирот. Потоа ја зеде и ја однесе”, посочува Фридман.

Покрај статуите на животни, исчезнуваат и други предмети, при тоа со сентиментална вредност. Пред неколку години Карлос Суарез закачувал стари семејни фотографии на ѕидовите на неговиот ресторан West Село Bobo. Откако биле украдени, денес тој закачува исклучиво копии.

 

- Реклама -