За итни случаи: Направи резервен клуч

Клучар си е клучар, ама ете, некогаш се случува да ти затреба копија баш во момент кога немаш таков професионалец при рака. Па што? Паметни сме, а можда и убави, а и 21 век е – сигурно постои некој начин да се снајдеш? Нормално, инаку немаше сега да го читате овој глуп вовед.

Сè што ви треба е оригиналот, малку селотејп трака и капак од конзерва. Загрејте го клучот додека не добие црна боја, па земете отпечаток со лепливата трака. Залепете ја на металниот капак и внимателно исечете го обликот со остра ножица. Го имате новиот клуч. Ракувајте внимателно, за да не се исечете или да не го скршите.

- Реклама -