Супер компјутер на Google и NASA

Две години откако Google и NASA најавија заедничка изградба на D-Wave Quantum компјутерот, направен е алгоритам кој треба да покаже дали квантното разладување би донело подобри перформанси од класичните компјутери.

Google и NASA неодамна ја завршиле изградбата на најновиот D-Wave 2X квантен компјутер, за кого компаниите велат дека има „повеќе од 1000 кјубити (квантни битови)“, пишува Ars Technica.

nasa-google

На настан одржан вчера во NASA Ames Research Center, Google и NASA ги најавиле нивните најнови откритија.

За напредните и добро опремени компјутери кои се користат за работа долго време, квантното разладување навистина нуди подобрување на перформансите. D-Wave X2 е околу 100 милиони пати побрз од класичен компјутер со едно јадро, кога би се справувале со истиот проблем.

Важно е да се напомене дека D-Wave компјутерите не би биле способни за универзална употреба. Корисни се само за мал број на конкретни задачи, и Google, NASA и други моментално се трудат да најдат кои точно би биле тие задачи.

- Реклама -