Каков пол е вашиот мозок

Постои верзија дека машкото и женското однесување се дефинираат од разликата во хормоните.

Научниците се поделени со мислењата за постоењето на машки и женски мозок, а протагонистите на верзијата дека мозоците имаат полови, често создаваат „тестови за проверка на квалитетот“. Ако се сомневате во вашиот мозочен пол, еве ви шанса да расчистите со сомнежите.

Family Gear Discussion

Доколку на некое прашање не се согласувате со ниту едно од понудените одговори можете да го оставите празно.

1. Слушате тивко мјаукање. Можете ли веднаш да кажете каде се наоѓа мачката?

а) Ако размислам можам.
б) Веднаш можам да кажам.
в) Не знам.

2. Лесно ли помните штотуку слушната мелодија?

а) Дури одма можам да ја повторам.
б) Ја помнам ако е едноставна и ритмичка.
в) Нема шанси.

3. Ви ѕвони човек кого сте го сретнале неколку пати. Можете ли да го препознаете неговиот глас во првите секунди на повикот додека уште не се претставил?

а) Можам, памтам гласови.
б) Ги препознавам гласовите во половина од случаите.
б) Препознавам во помалку од половина случаи.

4. Се наоѓате во друштво на неколку двојки. Некој од присутните има вонбрачна врска. Можете ли да дефинирате кој?

а) Речиси секогаш.
б) Во половина од случаите.
в) Ретко.

5. На мал собир сте се запознале со пет лица. Ако наредниот ден некој ги спомене во разговор нивните имиња, можете ли да се сетите на нивните лица?

а) Ги памтам сите.
б) Се сеќавам на некои.
в) Нема шанси.

6. Лесно ли препознавате ракописи?

а) Да.
б) Не.
в) Поима неам.

7. Сте забележале место за паркирање, ужасно е тесно, но не и неизводливо. Што ќе направите?

а) Ќе побарам друго место.
б) Внимателно ќе ја паркирам колата таму каде што сум одлучил/а.
в) Без двоумење, ќе паркирам.

8. Сте поминале три дена во непознато село и некој ве прашал каде е север.

а) Нема да можам да му покажам.
б) Ако размислам, ќе можам да му покажам.
в) Веднаш ќе му покажам.

9. Дремете во чекална на забар. Колку блиску можете да седите до претставник на својот пол, без да почувствувате непријатност?

а) На помалку од 15 сантиметри.
б) Од 15 до 60 сантиметри.
в) На повеќе од 60 сантиметри.

10. Сте тркнале до станот на новиот сосед. Во станот е тивко, но некаде капе вода од чешма. Што ќе направите?

а) Веднаш ќе го забележите звукот, но ќе се преправате дека не му обрнувате внимание.
б) Ако го забележите, најверојатно ќе го кажете тоа веднаш.
в) Тоа воопшто не ме иритира.

Резултатите се на следната страна.

- Реклама -