Детален приказ за промената од машки во женски пол

Европското здружение на уролози објави графички приказ од операција за промена на полот од машки во женски.

Во видеото со помош на анимација се прикажува како од пенис настанува вагина, што се случува со тестисите и останатите делови на половите органи кога треба да се промени формата.

operacija

За пациентот да се нафати на ваква операција, најпрво мора да помине низ психолошка сесија и да добие потпис од двајца психолози, потоа да се направат прегледи на организмот за хирурзите да бидат свесни дека е подготвен. Исто, за мажот да стане жена, мора да живее како жена најмалку 18 месеци, да користи хормонска терапија 12 месеци и името да го промени законски.

Во видеото се прикажани напредокот на медицината и технологијата кога пациентот станува жена и добива сосема функционален полов орган. Според истражувањата, голем број пациенти успеале да остварат сексуален однос по операцијата. Во една студија во рамки на која се испитани 24 пациенти, сите изјавиле дека можат да доживеат и оргазам.

„Ова е операција од која нема враќање. Операцијата не е лесна и постојат ризици како и кај секоја операција. На голем број од пациентите по операцијата им се потребни справи што ја одржуваат вагината раширена и мека. Постои ризик за крвавење, инфекции или новиот клиторис да не функционира“, вели Марк Пацифико, пластичен хирург од Британија.

Тој додава дека многу пациенти кои одлучиле да станат жени, по операцијата се подлежни на операција на носот, како и гласните жици за да станат поженствени.

- Реклама -