Финалистите за „Златна топка“ избрани, Суарез и Левандовски не се меѓу нив

Messi-And-Neymar-And-Ronaldo-1

Избрани се тројцата финалисти за најдобар фудбалер за оваа година. Финалниот избор ќе се одржи на 11 Јануари 2016 во Цирих.

Тројцата финалисти се Меси, Роналдо и Нејмар. Јавноста можеби се запраша зошто Луиз Суарез и Роберт Левандовски не се дел од ова друштво.

Суарез имаше прекрасна сезона во Барселона и изјави дека не му е сеедно што не се нашол помеѓу првите тројца, иако изрази поддршка за неговите клупски колеги Меси и Нејмар.

За тренер на годината во најтесната трка влегоа: Пеп Гвардиола, Луис Енрике и Жорге Сампаоли.

За најдобра фудбалерка: Карли Лојд (САД), Аја Мијама (Јапонија) и Селина Сашиќ(Германија)

- Реклама -