Крвна група – кофеин

За некои денот не може да започне без кафе, за нив еве неколку убави мисли за кафето.

“Без моето утринско кафе сум како пресечено парче печено месо.” – Јохан Себастијан Бах

“Мерење на животот со кафе лажички.” – Т. С. Елиот

“Штом кафето се впушта во желудникот, предизвикува голема врева. Идеите почнуваат да се движат …  листовите се исполнети. Кафето е сојузник и пишувањето повеќе не е борба.” – Оноре де Балзак

“Само ирското кафе ги обезбедува во една чаша и четирите витални хранливи групи: алкохол, кофеин, шеќер и масти.” – Алекс Левин

e8361f453d3ffbe73f430a55742676ab

“Да се самоубијам или да си земам кафе?” – Албер Ками

“Зад секоја успешна жена стои огромна количина на кафе.” – Стефани Пиро

“Меѓу бројните работи на масата … кафето може да се смета како едно од највредните.” – Бенџамин Френклин

“Силно кафе, многу силно кафе, тоа е она што ме буди.” – Наполеон Бонапарта

“Мерете го животот со кафени лажички.” – Томас Елиот

de95252cb3a667f46dd05d1b292ecd93

“Верувам дека ние луѓето сме постигнале многу не затоа што сме паметни, туку затоа што имаме прсти кои ни дозволуваат да направиме кафе.” – Флаш Розенберг

“Јас судам за ресторанот по лебот и кафето.” – Берт Ланкастер

“Прво кафето. Потоа плановите.” – Леана Рене Хибер

“Што, за Бога, би можело да биде полуксузно од троседот, книга и чаша кафе?” – Ентони Тролоп

“Токму во моментов би посакала чаша кафе пред комплименти.” – Луиза Меј Олкет

“Има нешто што страшно многу ме нервира – кога некој ќе каже дека кафето е подготвено и не е.” – Џ. Д. Селинџер

“За мене мирисот на штотуку приготвено кафе е едeн од најголемите пронајдоци.” – Хју Џекмен

“Дури лошото кафе е подобро од недостатокот на кафе воопшто.” – Дејвид Линч

tazzine-caffe-cuore-foto

Душата не сака ниту чај ниту кафе. Душата сака разговор. Кафето е само повод. “- Турска поговорка

“Секој треба да верува во нешто. Јас на пример верувам дека ќе испијам уште едно кафе.” – Непознат автор

“Животот е краток, наслади се на кафето!” – – Непознат автор

“Крвта ми група е кофеин.” – Непознат автор

sexy-girl-drink-coffee

 

- Реклама -