Го извлече подебелиот крај

Откако вчера прочитавме за значењето и потеклото на „Без влакна на јазикот“, денеска продолжуваме со изразот „Го извлече подебелиот крај“.

Овој израз може да има две и тоа, спротивставени значења. Може да значи при поделба да се добие подоброто односно повредниот дел, но и да се помине лошо (да се настрада, да се изгуби).

Првото значење како што покажува и самиот израз е поврзан со поделба на нешто, па во таква ситуација подобро е да се добие подебелиот отколку потенкиот крај, повеќе отколку помалку. Второто значење на овој израз може да се протолкува ако се земе во предвид една позната изрека, исто честа во нашиот јазик: стапот има два краја. Тоа нè предупредува дека борбатa може буквално но во фигуративна смисла да се заврши на два начина: или позитивен или негативен, односно – добро или лошо, па така оној кој изгубил „го извекол подебелиот крај“.

Во однос на прашањето, кога изразот го има едното или другото значење,  може да се одговори и воедно да се употреби согласно со самиот контекст.

…Продолжува…

- Реклама -