На трпезата на најозлогласените светски диктатори

Некои биле вегетаријанци, а некои јаделе кобри.

Николај Чаушеску обожавал вегетаријански лазањи и едноставни салати.

Похороны Л.И.Брежнева. Президент Социалистической Республики Румыния Николае Чаушеску.

Пол Пот уживал во дивеч, особено диви свињи, змии и гулаш од кобри. Сето тоа во комбинација со ракија и кинеско вино.

polpot

Јосиф Сталин бил фан на традиционалната грузиска кујна: ореви, лук, сливи, калинка и вино. Неговиот личен кувар бил Спиридон Путин. Звучи познато? Тоа е затоа што зборуваме токму за дедото на Владимир Путин.

stalin_stalin3[1]

Франсоа Дувалије барал од сопругата да го храни со лажичка, бидејќи страдал од разни заболувања. За време на јадењето уживал да гледа како ги мачат неговите непријатели.

duvalier

Адолф Хитлер бил вегетаријанец, а пред крајот на својот живот јадел само пире од компир и супа. Бил параноичен дека ќе го отрујат, па имал 15 дегустатори на јадења, а го започнувал оброкот исклучиво по 45 минути откако дегустаторите ќе ја пробале храната, се разбира, под услов никој од нив да не умрел.

1000509261001_1630293503001_BIO-Biography-Adolf-Hitler-SF[1]

Иди Амин јадел по 40 портокали дневно, а уживал и во храната на KFC (познат американски бренд на брза храна). Многу сакал и да пие чај.

idiAmin_1614124c[1]

Ким Џонг II уживал во супа од перки од ајкула и кучешко месо. Верувал дека му дава имунитет. Имал тим од жени кои се грижеле за тоа секое зрно ориз што ќе го изеде диктаторот да биде идентично, меѓу другото.

kim jong II

Бенито Мусолини сакал салати со лук, масло и лимонов сок. Преферирал да јаде дома, со семејството.

Benito-Mussolini[1]

Франциско Мациас Нгуема постојано пиел чај од канабис, од кој често халуцинирал. Кружеле гласини дека е канибал и дека колекционирал черепи.

francisco-macias-nguema[1]

- Реклама -