Во Русија предложија да биде вратена смртната казна за терористите

Лидерот на централно-левичарската Социјалдемократска партија “Праведна Русија” Сергеј Миронов предложи да биде вратена смртната казна во однос на терористите, пренесува TACC.

“Денес како вонредна мерка на војна, како на војна – ќе предложам да бидат направени измени во руското законодавство и да биде воведена смртна казна за терористите и нивните соучесници “, изјави Миронов пред новинарите пред почетокот на собранието на членовите на Советот на федерацијата и пратениците од Државната Дума.

- Реклама -