14 Ноември, светски ден на дијабетесот

world_diabetes_day_2015

Основната цел на одбележувањето на денот на дијабетесот е да ги поттикне локалните заедници да ги промовираат и шират едноставните едукативни и превентивни пораки и да организираат активности за јакнењето на свеста на општеството дека дијабетесот е глобална здравствена закана со сериозни и далекусежни последици кои имаат влијание врз сите нас.

Денес  повеќе од  370 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес и уште 280 милиони се под висок ризик од настанување на болеста. Се очекува дека до 2030 година бројот на заболените ќе се зголеми на половина милијарда луѓе. Но, дијабетесот и неговите компликации во голема мера можат да се спречат, за што на располагање ни стојат докажаните и достапни интервенции.

Поради тоа, дијабетесот е грижа на секој од нас и секој треба да има своја улога во напорите да се попречи движењето на епидемијата на дијабетесот и да се заштити нашата иднина.

За постигнување на поголем ефект од кампањата,  преку повеќе мали и едноставни акции денес и во иднина, потребно е да се влијае врз ризик факторите со што ќе се постигнат значителни резултати за оние кои се заболени од дијабетесот како и за оние кои се под ризик.

 

Ризик фактори за дијабетес тип 1:

Присуство на антитела;
Изложување на одредени вирусни заболувања;
Намалено внесување на витамин Д;
Давање кравјо млеко во рана возраст.

 

Ризик фактори за дијабетес тип 2:

Прекумерна телесна тежина;
Намалена физичка активност;
Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
Гестациски дијабетес во претходна бременост;
Синдром на полицистични јајници;
Висок крвен притисок;
Високо ниво на холестерол;
Високо ниво на триглицериди.

Ризик фактори за гестациски дијабетес

Жени постари од 25 години;
Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
Гестациски дијабетес при претходна бременост;
Раѓање на бебе со голема телесна тежина (повеќе од 4kg);
Мртвородено од непознати причини;
Прекумерна телесна тежина;
Големо зголемување на тежината во текот на бременоста.

Знаци за предупредување

Зачестено и обилно мокрење

Зголемено чувство на жед (сува уста)

Зголемен апетит

Необјаснето губење на телесна тежина

Замор

Заматување на видот

Бавно зараснување на рани

Благо покачен крвен притисок

Чести инфекции (на непцето, кожата, вагината, мочниот меур)

Присуство на кетони во урината (кетоните се попратни продукти како резултат на разложувањето на мускулите и масното ткиво поради недостаток на инсулин).

 

- Реклама -