Денеска е светскиот ден на љубезноста – да заборавиме на лутината и гневот

На иницијатива на Светското движење за љубезноста, во Токио, на 13 ноември 1998 година одржана е конференција за љубезноста и во таа прилика донесена е посебна декларација која, меѓу останатото, зборува за толеранцијата и прифаќањето на различностите.

Нагласувајќи ја важноста на споменатата декларација, токму 13 ноември е избран како Светскиот ден на љубезноста. Светскиот ден на љубезноста посебно се одбележува во Канада, Јапонија, Австралија, Нигерија, Саудиска Арабија, а во последните неколку години се повеќе популарност добива и во Индија, Сингапур и во Велика Британија.

ABNHKB Grandchild offering small bouquet of summer wild flowers to grandmother

Овој ден е прилика да размислиме за своите досегашни постапки, ставајќи се над територијалните, културолошките или религиските граници за да разбереме дека ние сме дел од глобалното општество, бидејќи не сме подобри ниту полоши од припадниците на останатите култури, раси или религии. Исто така, според современата психологија, љубезноста спрема другите ја зголемува нашата среќа.

Насмевнете се и помогнете им на колегите, доделете им комплименти на пријателите, подарете чоколадо, понудете прегратка или пратете им порака на милите луѓе што долго не стеги виделе. Не заборавајте, убавиот збор железна врата отвора.

- Реклама -